Македонија

Водич за корисници: Galaxy A57 5G и Galaxy A37 5G – Најновите иновации достапни за сите

Самсунг (“Samsung”) ги претстави уредите Galaxy A57 5G и Galaxy A37 5G, со што дополнително го проширува пристапот до своите најнови мобилни иновации.

Самсунг (“Samsung”) ги претстави уредите Galaxy A57 5G и Galaxy A37 5G, со што дополнително го проширува пристапот до своите најнови мобилни иновации. Новата Galaxy A серија ја одразува посветеноста на “Samsung” за демократизација на вештачката интелигенција, нудејќи напредни искуства по подостапна цена.

“Samsung Newsroom“ ги истражи можностите на уредите во поглед на вештачката интелигенција, камерата, дизајнот и перформансите.

 

Awesome Intelligence: вештачка интелигенција за секојдневни задачи

Во срцето на Galaxy A57 5G и Galaxy A37 5G е Awesome Intelligence[1], збир на функции базирани на вештачка интелигенција, дизајнирани да ги поедностават секојдневните задачи.

Еден од најзначајните новини е функцијата Voice Transcription (транскрипција на глас), достапна за прв пат кај серијата Galaxy A. Со помош на апликацијата Voice Recorder, корисниците можат да снимаат аудио, да го претворат говорот во текст и да го преведат на повеќе јазици[2], што го олеснува прегледот на состаноци, предавања или организирањето на снимените повици.

Функцијата Circle to Search со Google[3], омилена помеѓу фановите на Galaxy, продолжува да се развива и сега овозможува идентификување на повеќе објекти одеднаш. На пример, кога корисниците ќе видат модна комбинација која им се допаѓа, информациите за секое парче облека, од блузи до обувки, може да се најдат со едно пребарување, едноставно со заокружување на облеката на екранот.

Функцијата AI Select[4] предлага релевантни дејства врз основа на содржината на екранот, како што се креирање GIF датотеки, зачувување слики или поставување позадини. Оваа функција сега е достапна со долго притискање на страничниот панел (Edge Panel).

Подобрената функција Object Eraser[5] ги отстранува несаканите елементи со поголема прецизност на рабовите за појасни и поприродни фотографии со помалку корекции.

 


Камера: Појасни снимки и дење и ноќе

Фотографијата останува во центарот на Galaxy A серијата, со подобрувања на камерата кои овозможуваат остри и живописни резултати и во светли и во услови на слаба осветленост.

Функцијата Nightography[6] е подобрена за да создава посветли и поостри слики при слаба осветленост, со поприродни бои. Подобрувањата се забележливи кај градските пејзажи и уличните сцени, каде што шумот и дисторзијата се често повидливи.

 


 

Дизајн: Тенок, лесен и софистициран

Новата серија Galaxy A се одликува со софистициран дизајн кој ги балансира елеганцијата и секојдневната употреба.

Galaxy A57 5G пристигнува со потенко и полесно куќиште со дебелина од 6,9 mm и тежина од 179 g, што е за 0,5 mm потенко и 19 g полесно во споредба со претходната генерација, правејќи го полесен за држење и носење.

Распоредот на трите камери создава кохезивен изглед усогласен со дизајнерскиот јазик на Galaxy, со што дополнително се нагласува целосниот впечаток за прецизност.

Подобрувањата на екранот дополнително го унапредуваат искуството. Galaxy A57 5G има рамка од 1,5 mm на горната и страничните страни, намалени за 0,7 mm на врвот и 0,5 mm на страните, за уште покомплетно визуелно искуство, без зголемување на големината на уредот.

Двата модели се достапни во светли и темни варијанти на бои. Galaxy A57 5G е достапен во нијанса на Феноменална темносина, Феноменална сива, Феноменална светловиолетова или Феноменална леденосина[7], додека Galaxy A37 5G доаѓа во Феноменална темносива, Феноменална сивозелена, Феноменална бела и Феноменална лаванда.[8] Премиум металната рамка на Galaxy A57 5G го надополнува дизајнот, балансирајќи ја издржливоста и естетиката.

 

 

Перформанси: Побрзи, поглатки и долготрајни

Перформансите остануваат клучен дел од целокупното искуство. Со надградени CPU (процесор) и GPU (графичка единица), Galaxy A57 5G овозможува побрза и поглатка работа при стриминг, уредување на содржини и секојдневна употреба.[9] За 13% поголемата Vapor chamber[10] комора за ладење помага уредот да остане ладен, дури и при подолго играње игри или снимање видео содржини.

Батеријата со капацитет од 5.000 mAh[11] поддржува до два дена користење[12] со едно полнење. Технологијата Super Fast Charging 2.0 овозможува полнење на Galaxy A57 5G до 60% за околу 30 минути, намалувајќи го времето поминато во чекање.

Galaxy A57 5G и Galaxy A37 5G применуваат пристап фокусиран на корисникот, ставајќи го акцентот на суштинските иновации во вештачката интелигенција, камерата, дизајнот и перформансите на практичен и достапен начин.

Од Awesome Intelligence функциите до напредните способности на камерата, новата серија Galaxy A ги носи најновите иновации до повеќе корисници. “Samsung” продолжува да ја проширува достапноста до своите мобилни иновации, овозможувајќи им на повеќе луѓе ширум светот да уживаат во нив.

 

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

 

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

 

[1] Може да биде потребна најава на Samsung Account за да се користат одредени Samsung Intelligence функции.
*Samsung не дава ветувања, уверувања или гаранции за точноста, комплетноста или веродостојноста на резултатите добиени со Intelligence функциите. Достапноста на Awesome Intelligence функциите може да се разликува во зависност од регионот/земјата, верзијата на OS/One UI, моделот на уредот и операторот. Услугата Awesome Intelligence може да е ограничена за малолетни лица во одредени региони со ограничувања на возраста во однос на употребата на AI.

[2] Преводот на повеќе јазици е можен, но во даден момент може да се преведува само на еден јазик.

[3] Circle to Search е трговска марка на Google LLC. Резултатите се само за илустративни цели. Достапно на одредени уреди и е потребна интернет конекција. Работи на компатибилни апликации и површини. Резултатот може да варира во зависност од визуелните совпаѓања. Проверете ги резултатите за точност.

[4] Потребна е интернет врска и најава на Samsung сметка. Достапноста на услугата може да варира во зависност од земјата, јазикот или моделот на уредот. Достапноста на поддржаните јазици може да варира. За одредени јазици може да биде потребно преземање јазичен пакет. При првото стартување на апликацијата, може да биде потребно преземање и инсталација на одредени функции за Galaxy AI.

[5] Резултатите може да варираат во зависност од условите на фотографирање/снимање, вклучувајќи присуство на повеќе субјекти, субјекти кои се надвор од фокус или субјекти во движење.

[6] Резултатите може да варираат во зависност од условите на снимање, вклучувајќи присуство на повеќе субјекти, субјекти кои се надвор од фокус или субјекти во движење.

[7] Достапноста на бои и модели може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот.

[8] Достапноста на бои и модели може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот.

[9] Прикажаното подобрување на перформанси е во споредба со Galaxy A56 5G. Реалните перформанси може да варираат во зависност од корисничката средина, условите, инсталираниот софтвер и апликациите.

[10] Во споредба со претходниот модел. Реалните перформанси може да варираат во зависност од корисничката средина, условите, инсталираниот софтвер и апликациите.

[11] Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 4.905 mAh. Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.

[12] Вистинскиот век на траење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори. Проценето според просечен кориснички профил, составен од UX Connect Research. Независно проценето од UX Connect Research во САД во периодот 08.01.2026–18.01.2026 со претпродажни верзии на SM-A576 со стандардни поставки, користејќи LTE и 5G Sub6 мрежи. НЕ се тестирани во 5G mmWave мрежа.

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Скопје наскоро ќе добие нов мултифункционален комплекс ТРИАНГЛА, современо место за уживање

Лоциран во општина Гази Баба, со влез на булеварот „Александар Македонски“, комплексот претставува нов современ концепт на малопродажен парк во источниот дел на Скопје. Инспириран од европските модели на отворени трговски комплекси, хотелиерство и урбани содржини за секојдневно уживање, проектот има цел да создаде нова значајна градска дестинација за жителите на Скопје и посетителите од регионот.

Никола Петров Русински: Македонија не е српска, ниту грчка, ниту бугарска! – Македонија е на Македонците!

„Македонија не е ниту српска, ниту грчка, ниту бугарска, ниту турска! Македонија е на Македонците!“ – порачал во почетокот на јули 1901 година Никола Петров Русински, кој во македонската национална историја останува запаметен како близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери, но и како еден од основачите на четничкиот институт на Македонската револуционерна организација (МРО). Целиот живот го посветил на идејата „Македонија за Македонците“. Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, велел дека за него „цела Македонија му била роден крај“. Денес се навршуваат 83 години од неговата смрт.

Рама: „Мајката“ Урсула да не ги заборави своите „седум деца“ од Западниот Балкан! Неодржливо е да не сме на масата каде што се одлучува!

Европа денес има потреба од Западен Балкан колку што и ние имаме потреба од неа, а можеби и повеќе. Нашиот регион е во многу подобра позиција отколку пред неколку години и време е политички да стане дел од европското семејство, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Еуроњуз Србија“. Тој смета дека земјите од Западен Балкан повеќе не треба да бидат оставени настрана од европските процеси.

Летови со владин авион, хотелски трошоци и спорни набавки – ексдиректорот на СОЗР заработи кривична

За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи. Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име

Осуденици ќе чистат од денес седум дена магистрални и регионални патишта – под постојан надѕор на затворската полиција!

Акцијата се реализира во соработка меѓу Управата за извршување на санкциите и ЈП „Македонија Пат“, согласно потпишаниот Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица.
Од денеска започна седумдневна работна акција за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта низ државата, која ќе трае до 22 јули 2026 година.

To top