Македонија

Волци побегнале од кафез во Зоолошката градина во Скопје, изеле кенгури и ему птици

Неофицијално, инцидентот се случил во саботата, кога белите волци наводно успеале да ископаат дупка под оградениот простор и да излезат од живеалиштето.

Сериозен инцидент се случил во Зоолошката градина во Скопје, откако белите волци наводно избегале од своето живеалиште и усмртиле неколку животни и птици, објави порталот „Петс.мк“. Според информациите кои ги објави порталот, инцидентот се случил во саботата, кога белите волци наводно успеале да ископаат дупка под оградениот простор и да излезат од живеалиштето.

Како што пишуваат, при бегството волците нападнале и усмртиле четири кенгури и неколку ему птици, а според нивните извори, на вработените во Зоолошката градина им биле потребни неколку часа за да ги пронајдат и повторно да ги вратат животните во нивното живеалиште.

Од Зоолошката градина во Скопје засега нема официјална потврда или соопштение за настанот. В.д. директорката на ЗОО Скопје, Катерина Костова, не одговорила на нивните повици за да даде појаснување за околностите под кои се случил инцидентот, како и за безбедносните мерки во живеалиштето на волците.

Најнови вести од: Македонија

Регионален форум во Скопје: Преку вклучување на младите до побезбедни, понапредни и поодржливи локални заедници

Преку локална акција до регионални промени, преку активно вклучување на младите до изградба на побезбедни, инклузивни и одржливи локални заедници. Повеќе од 100 градоначалници, млади лидери, активисти, претставници на локалните власти и на меѓународни организации учествуваат на Регионалниот форум за локално лидерство за млади, мир и безбедност, кој се одржува во Скопје. Една од клучните […]

Уставен суд постапува по предметите за платите на обвинителите и членовите на Советот на јавните обвинители, кои тврдат дека им се најниски во регионот

Уставниот суд информира дека активно постапува по три предмети во кои се оспорени одредби од законите што ги уредуваат платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители, а по предметите се преземаат повеќе дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности пред донесување одлука. Како што соопшти Судот, станува збор […]

Дете од 4 години е најмлад милионер во РМ, а 97-годишен пензионер најстар

Дете од четири години остварило 3,1 милион денари од дивиденда, а 97-годишен пензионер 1,089 милиони денари, од кои 59 отсто од пензија, а останатото од дивиденда, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) за 2025 година.

МЕПСО бара зголемување на преносната тарифа за струја за околу 98 отсто од јануари 2027, а четирите компании за топлинска енергија и на цената на парното греење

Конечниот збор го има Регулаторната комисија за енергетика, од чии одлуки ќе зависи колку повеќе ќе плаќаат граѓаните за струја и за греење. Пред една седмица премиерот Христијан Мицкоски изјави дека цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а Владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари 2027 година.

Најнови вести

To top