Македонија

Возеле пијани, без дозола и со забрана: Нови апсења на МВР

Фатени 10 возачи што дивееле на патиштата

Десет возачи биле приведени во текот на изминатото деноноќие низ државата поради опасно и безобѕирно управување со возило. Дел од нив немале возачка дозвола, други возеле под дејство на алкохол, а имало и случаи на сериозно пречекорување на брзината.

Четворица возачи биле затекнати без возачка дозвола во Берово, Гостивар, Битола и Скопје.

Полицијата привела и возачи кои возеле пребрзо во гевгелиско и во Делчево, додека во Неготино бил запрен возач кој управувал автомобил иако имал активна забрана за возење.

Дополнително, тројца возачи биле фатени под дејство на алкохол во Куманово, валандовско и гевгелиско.

По целосно расчистување на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Од полицијата потсетуваат дека непочитувањето на правилата сериозно ја загрозува безбедноста и апелираат возачите да не седнуваат зад волан без дозвола, под дејство на алкохол или со изречена забрана.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top