Македонија

ВРЕДИ: Левица „сламката за спас“ на ДУИ

По локалните избори, коалицијата ВРЕДИ излезе со остра реакција во која го критикува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи го за навреди кон Албанците и за панична реакција по изборниот пораз.

По локалните избори, коалицијата ВРЕДИ излезе со остра реакција во која го критикува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи го за навреди кон Албанците и за панична реакција по изборниот пораз.

Во соопштението, од ВРЕДИ наведуваат дека „нервозата најдобро се видела кај Ахмети, кој, симнат од тронот, излегол да ги навредува Албанците“, посочувајќи дека неговите јавни настапи биле „без филтерот на пропагандата и без телепромптерот на Груби“.

Коалицијата нагласува дека нејзините победи во општините Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, како и водството во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени, ја разобличиле лажната слика за патриотизмот на „тројката во агонија – Ахмети, Таравари и Села“.

Според ВРЕДИ, „тројката“ сега е во политички сојуз со проруската и анти-НАТО партија Левица, што го оценуваат како „сламка за спас“ за лидерите на ДУИ – Али Ахмети, Алијансата за Албанците – Зијадин Села, и Арбен Таравари.

Во соопштението се спомнува и кандидатот на НАИ, Арсим Далипи, за кој ВРЕДИ тврди дека „ветил повлекување доколку има само еден глас помалку од Менди Ќура, но не го исполнил ветувањето и денес е во отворена коалиција со партијата на Апасиев“.

ВРЕДИ потсетува дека претходно предупредила за состанокот меѓу емисарот на Али Ахмети, Кренар Лога, и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој според нив бил дел од планот за нанесување штета на независниот кандидат поддржан од ВРЕДИ во првиот круг.

„Денес сè е на виделина“, велат од ВРЕДИ, додавајќи дека „оние што се здружуваат со Левица, ѝ го вртат грбот на НАТО, на Западот и на самите Албанци“.

Најнови вести од: Македонија

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

To top