Македонија

ВРЕДИ: Поддршка за независниот Зулхајрат Демири во Општина Врапчиште

Ќе ја има целосната поддршка од Коалицијата на 11 јануари

 

 

Зулхајрат Демири, ја објави својата кандидатура како независен за Општина Врапчиште на повторените избори на 11 јануари.

„Во пресрет на локалните избори на 11 јануари, коалицијата ВРЕДИ ја информира јавноста дека Зулхајрат Демири, кој се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Општина Врапчиште, ќе ја има целосната поддршка од коалицијата во овој изборен процес“, велат од Коалицијата ВРЕДИ.

На 11 јануари ќе се повторат изборите во Општина Гостивар, Врапчиштите, Маврово-Ростуше откако не беше постигнат цензус на редовните локални избори.

Вчера, од Коалицијата ВРЕДИ соопштија дека во трка за градоначалник на Општина Гостивар, своја кандидатура поднесе Невзат Беејта кој претходно во два мандати беше градоначалник.Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top