Македонија

ВРЕДИ предупредува: Глас за НАИ е глас за Левица

Доказ дека коалицијата НАИ предводена од ДУИ е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт

„Фотографијата што кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, е најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт“, велат од „ВРЕДИ“.

Дали Тетово е на прагот на политички земјотрес?

Од коалицијата велат дека тоа е тежок политички скандал.

„Да не заборавиме која е Левица, партија која: јавно ги навреди Албанците, се изјасни против независно Косово, се спротивставува на членството во НАТО, побара затворање на џамиите и ограничување на правата на Албанците!

И денес, НАИ седи на маса со нив, за валкан изборен договор. Ова не е политика, ова е срамна зделка. Ова не е стратегија, ова е морален колапс.

Сега на секој граѓанин му е јасно: за да го задржат своето фотелја, тие се подготвени да се продадат на секоја сила што ги мрази Албанците.

Тетово, Дебар, Струга и секоја албанска општина треба да знаат, на 2 ноември, гласот за НАИ е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам. Додека ВРЕДИ, со својот кандидат Билал Касами во Тетово, Фисник Мела во Дебар и целиот свој тим, претставува достоинство, развој и иднина.

Албанците не се пазарат со оние што ги навредиле. Албанците не се продаваат. Тие гласаат за промената што ВРЕДИ!“, се наведува во соопштението на коалицијата.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top