Македонија

„Вреди“ прогласи победа во првиот круг во Чаир и во Тетово, ДУИ во Липково и во Пласница

Според изборниот штаб на коалицијата „Вреди“, Меџити го победил Османи во Чаир со над 3.200 гласа разлика

Коалицијта „Вреди“ од политичкиот блок на Албанците од Македонија прогласи победа во првиот круг од локалните избори во општините Чаир и Тетово, а Демократската унија за интеграција (ДУИ) објави дека Националната алијанса за интеграција веќе славела во Липково и во Пласница.

Според изборниот штаб на „Вреди“, нивниот кандидат Изет Меџити победил во Чаир со 14.077 гласа наспроти Бујар Османи со 10.862.

„Тука сме во Чаир за да ја прогласиме убедливата победа во првиот круг. На ДУИ и Ахмети, коишто се залагаа за легитимитет, да им честитам за победата во Пласница. Тие посакуваа да се мериме уште еднаш во Чаир и во Тетово и таму ‘Влен’ е победник “, рече Меџити.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top