Македонија

ВРЕДИ: Владата за еден ден направи повеќе за Албанците отколку ДУИ за цел мандат

Претставниците на албанската коалиција, кoи се дел од владејачкото мнозинство порачаа дека донеле одлуки кои се значајни за подобар живот на албанската заедница во Македонија. Тие посочуваат дека во еден ден, Владата во која ВРЕДИ е рамноправен партнер доне повеќе одлуки од суштинска корист и значење за Албанците во државата отколку што која било влада […]

Претставниците на албанската коалиција, кoи се дел од владејачкото мнозинство порачаа дека донеле одлуки кои се значајни за подобар живот на албанската заедница во Македонија.

Тие посочуваат дека во еден ден, Владата во која ВРЕДИ е рамноправен партнер доне повеќе одлуки од суштинска корист и значење за Албанците во државата отколку што која било влада на ДУИ успеала да донесе во цел еден мандат.

– Овие резултати се доказ дека кога Албанците се вистински застапени на масата за одлучување, ветувањата стануваат дело, а декларациите – конкретни подобрувања во секојдневниот живот.

Како што посочуваат од партијата вчера биле донесени следните одлуки:

1. Закон за средни училишта на верските заедници.
За прв пат исламското средно училиште, Медресето “Иса Беу” Скопје добива јасен правен статус, чекор што ДУИ го ветуваше, но никогаш не го оствари.

2. Нов Закон за игрите на среќа
Коцкарниците и кладилниците се дислоцираат далеку од младите луѓе. Оваа мерка штити млади животи и семејни буџети од зависност, тема на која ДУИ молчеше со години.

3. 205 милиони евра за здравствена инфраструктура, каде е предвидено и:
Целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово
Градба на нова болница во Кичево
Инвестиции што ќе обезбедат достоинствено лекување таму каде што живее мнозинството албанско население.

4. 110,5 милиони денари за нов водовод во Љуботен и Љубанци (Општина Бутел)
Долгоочекуваното решение за чиста вода во предел каде што живеат многу албански семејства конечно станува реалност, наместо политичка флоскула.

5. Санација на спортски терени во сите населени места
Создаваме здрави услови за младите, мотивирајќи ги да изберат спорт, а не пороци, нешто што децении беше оставено во запуштеност.
– ВЛЕН вети работа, донесе резултати. За еден ден постигнавме повеќе конкретни добивки за Албанците отколку што ДУИ испорача за цел мандат. ВЛЕН ќе продолжи со истото темпо: реални промени, видливи за секое семејство, во секое населено место – напоменуваат од партијата.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Работната група усогласи десет членови од Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР

Претставниците на политичките партии се усогласиле за членовите кои се однесуваат на користењето буџетски средства на институциите во изборната кампања, користењето службени профили на институциите на социјалните мрежи за време на избори и изборна кампања, огласите и постапките за вработувања, како и за изземањето лица со специфични професии од изборниот процес, како на пример медицински лица. Дел од усогласувањето се однесува и на субјектите кои го добиваат избирачкиот список и роковите во кој рок

Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот

Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток, сите економии – вклучително и македонската – се соочуваат со предизвици поврзани со енергетските текови, инфлацијата и забавувањето на глобалниот економски раст

Ана Дангова-Хуг доби едногласна поддршка за да биде нов кандидат за судија во ЕСЧП

Комисијата за избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска ја одржа шестата седница по добиеното мислење од советодавниот панел во однос на спроведувањето на националната постапка за избор

Ѓорѓиевски најави можна забрана за мобилни телефони во средните училишта во Скопје!

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави можност за воведување забрана за користење мобилни телефони и во средните училишта во главниот град. Тој посочи дека додека бил градоначалник на Општина Кисела Вода, во училиштата веќе биле воведени правила со кои електронските уреди не биле дозволени за време на наставата, и дека општината била меѓу првите што ја примениле ваквата мерка.

Најнови вести

To top