Централното претседателство на ВРЕДИ одржа состанок на кој се разговараше за актуелните политички случувања и се потврдија приоритетите за претстојниот период.
Во изјава за медиумите по состанокот, од ВРЕДИ истакнаа дека одобрувањето на предлогот за правосудниот испит од страна на Владата претставува историски чекор, бидејќи за првпат овозможува полагање на испитот на албански јазик. „Ги слушнавме студентите и се обврзавме да обезбедиме институционално решение за ова прашање“, наведоа од ВРЕДИ
„Охридскиот договор не му припаѓа на ниту една политичка партија. Тој е историско достигнување и резултат на жртвите на албанскиот народ за еднаквост. По повеќе од две децении чекање, правичната и соодветна застапеност на сите етнички заедници мора да биде законски загарантирана. Усвојувањето на Законот за правична и соодветна застапеност останува едно од нашите клучни ветувања. Апсурдно е да се повикувате на Охридскиот договор, а истовремено да го блокирате неговото унапредување. Одговорноста за заокружување на овој процес лежи кај сите парламентарни субјекти кои тврдат дека го поддржуваат Охридскиот договор“, велат од ВРЕДИ
„Владината коалиција е стабилна. ВРЕДИ останува посветен на исполнување на програмските приоритети ветени пред граѓаните. Во таа насока, сметаме дека целокупната ефикасност на актуелната Влада треба да се оценува во текот на целиот мандат“, наведуваат од Коалицијата.