Македонија

За 48 часа викенд, 1.460 сообраќајни прекршоци

64 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило.

Во засилените сообраќајни контроли спроведени во текот на изминатиот викенд (11 и 12 јули), полициските службеници низ државата евидентирале вкупно 1.426 сообраќајни прекршоци, а 64 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило.

Според Министерството за внатрешни работи, најголем дел од прекршоците – 455, се однесуваат на непочитување на дозволената брзина на движење.

Од приведените возачи, 11 управувале возило под дејство на алкохол, 27 возеле без возачка дозвола, по едно лице било лишено од слобода поради возење со брзина поголема од дозволената во населено место и надвор од населено место, додека едно лице управувало возило и покрај претходно изречената забрана.

Во истиот период, согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 22 возила.

Полициската статистика покажува и 187 санкции за неправилно паркирање, како и 61 казна за возење под дејство на алкохол.

Покрај тоа, санкционирани се 126 мотоциклисти поради неносење заштитен шлем, 150 возачи и патници затоа што не користеле сигурносен појас, а од сообраќај биле исклучени 24 нерегистрирани и седум технички неисправни возила. Казнети се и двајца возачи поради непочитување на прописите за затемнување на стаклата на возилата.

 

Најнови вести од: Македонија

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

Автопатот Кичево-Охрид целосно готов на почетокот од 2027 година

Работите на најсложениот дел од трасата Кичево-Охрид се во завршна фаза вели министерот за транспорт Александар Николовски. На потегот Извор-Врбјани, две од четирите галерии се целосно завршени, а на останатите интензивно се работи. Во тунелите веќе се поставува современа опрема за сигнализација, рано предупредување од пожари и вентилација, како и контролен центар.​

Владата го решава проблемот на превозниците со Шенген-правилата

Вицепремиерот и министер за транспорт рече оти тоа се прави и дека веќе се постигнати договори со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе се работи и на договори со други држави од Шенген-зоната.

(Фото): Ноќна дезинсекција на критични точки во Карпош

Стручните екипи од Центарот за јавно здравје во соработка со Скопје и Карпош спроведоа дополнително теренско прскање против комарци и ларви, во насока на ефикасно справување со западно – нилската треска. Се изврши темелна дезинсекција на неколку критични точки низ општината.

Матичната служба ќе проверува зошто од родителите од Пробиштип било барано да именуваат веќе починато бебе

Управата за водење на матичните книги ќе ја проверува целата постапка во случајот со семејството од Пробиштип, кое било контактирано за определување име на новороденчето, иако бебето починало непосредно по раѓањето.

Клековски: Досега 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Инфективната клиника 21 пациент

Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска треска досега, од кои 43 се хоспитализирани, а повеќето од нив со невроинвазивна форма на болеста – изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

To top