Македонија

За 9 дена, над 6.000 илјади казни за сообраќајни прекршоци, 44 уапсени

Регистрирани дури 1.573 прекршоци се однесуваат на возачи кои не го почитувале утврденото ограничување на брзината

 

 

Министерството за внатрешни работи на Македонија објавува дека во периодот од 1 декември до 9 декември 2025 година, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите одделенија за внатрешни работи на патиштата низ целата земја, се изречени вкупно 6.151 казни, од кои 1.573 прекршоци се однесуваат на возачи кои не го почитувале утврденото ограничување на брзината.

„44 лица се уапсени за невнимателно возење согласно член 297-а од Кривичниот законик, од кои 33 за возење под дејство на алкохол, двајца возачи за возење во забранет правец, пет лица за возење со брзина поголема од дозволената брзина во станбени средини и четири лица за возење со брзина поголема од дозволената брзина надвор од станбени средини“.

„Според статистичкиот преглед на полициските активности, евидентирани се 1.511 прекршоци за непрописно паркирање, изречени се 620 мерки за возачи кои управувале без возачка дозвола, 39 санкции за поминување на црвено светло, 32 мерки за прекршоци сторени од пешаци, како и 173 санкции за возење под дејство на алкохол“.

„Исто така, санкционирани се 349 учесници во сообраќајот за некористење на безбедносните појаси, како и 214 мерки за возачи за користење мобилен телефон при управување со возило.

Согласно Законот за возила, 119 возила се отстранети од сообраќај бидејќи не биле регистрирани, а 62 поради техничка неисправност“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top