Македонија

За Бугарија, „категорично неприфатлива“ е условната казна за претседателот на избришаниот клуб „Ванчо Михајлов“

Министерството за надворешни работи на Бугарија ја осуди одлуката на Основниот суд во Битола да го осуди Љупчо Георгиевски, претседател на избришаниот клуб „Ванчо Михајлов“, на две години условно за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост на национална, расна, религиозна и друга дискриминирачка основа и распространување расистички и ксенофобни материјали на социјалните мрежи. „Апсолутно е неприфатливо […]

Министерството за надворешни работи на Бугарија ја осуди одлуката на Основниот суд во Битола да го осуди Љупчо Георгиевски, претседател на избришаниот клуб „Ванчо Михајлов“, на две години условно за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост на национална, расна, религиозна и друга дискриминирачка основа и распространување расистички и ксенофобни материјали на социјалните мрежи.

„Апсолутно е неприфатливо во земја која тврди дека е пример за функционална мултиетничка демократија, отвореното декларирање на припадноста кон бугарскиот народ, почитувањето на бугарските национални симболи и херои и ширењето автентична бугарска литература да бидат казнети со закана од затвор.

Несомнено е дека пристапот на властите во Северна Македонија, заедно со намерното создавање атмосфера на нетолеранција преку постојана антибугарска реторика, има за цел да всади страв од остварување на правото на слободно самоопределување, да ја маргинализира и стигматизира бугарската заедница.

Кршењето на правата на Бугарите во Северна Македонија е факт што не може да се негира. Денешната судска одлука против г. Георгиевски е уште една потврда за практичното одбивање на властите кај нашиот југозападен сосед да ги гарантираат основните права на оваа група свои граѓани. Напротив – наместо да ги заштити, судскиот систем активно се користи против нив. Ова е исто така јасен доказ за проблемите што јасно ги идентификува ЕУ со независноста, професионализмот, ефикасноста и непристрасноста на судскиот систем во Северна Македонија.

Сепак, пристапот на институционално заплашување не може да го замолчи гласот на македонските Бугари и нивната легитимна аспирација да ги гарантираат своите права како полноправни граѓани на Северна Македонија во духот на европските вредности и достигнувања.

Бугарските институции остануваат непоколебливо посветени на гарантирањето на правата на Бугарите во Северна Македонија, вклучително и преку користење на сите меѓународни механизми во областа на човековите права“, стои во соопштението за пресудата на претседателот на клубот именуван по фашистичкиот соработник во Втората светска војна од министерството на државата со 14 пресуди од Судот за човекови права од Стразбур за недозволување да се регистрираат здруженија на македонското малцинство.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top