Македонија

Георгиевски: Бугарите ни ја најдоа слабата точка, ќе нè бугаризираат преку Србија

Експремиерот иронизира со „бугаризацијата“ на Македонија, резонирајќи дека таквиот дискурс доаѓал од северниот сосед

Некогашниот премиер Љупчо Георгиевски се обидува да иронизира со „бугаризацијата“ на Македонија, нагласувајќи дека феноменот добивал апсурдни димензии и оти таков дискурс доаѓал од Србија.

„Борбата против бугаризацијата на Македонија има и своја комична страна:

Кога Србите ги нарекуваат Гоце Делчев и Даме Груев бугарски агенти.
Кога Србите ја нарекуваат ВМРО бугарска терористичка организација.
Кога Србите во сред Македонија цели области ги нарекуваат бугарашки, минатата недела во Валандово,претходно во Рамне охридско а скоро и на сите нивни прослави за ослободувајнето на Стара Србија.
Никој македонски лажен париот не покажува знаци на живот. Очигледно бугарите ни ја најдоа слабата точка. Ќе не бугаризираат преку Србија“, резонира лидерот на ВМРО-Народна со диплома по општа и компаративна книжевност во полуписмена објава на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

To top