Македонија

За обид за увоз„на диво“ на 40 тони јајца – казнети со 1.400 евра

Необележаните јајца од Србија беа запленети во соработка со Царинската управа како дел од засилените контроли на увозот на јајца пред Велигден и уништени

 

Пред Велигден, Агенцијата за храна уништи 40 тони јајца кои биле увезени во земјата од Србија, но кои требало да бидат пласирани на пазарот на Северна Македонија како „јајца од македонско потекло“.

Во едната пратка биле пронајдени 270 илјади, додека во другата 302.400 необележани јајца, за кои се претпоставувало дека биле дополнително обележани и погрешно поставени како македонски, со што се загрозила конкурентноста на домашното производство.

Необележаните јајца од Србија беа запленети во соработка со Царинската управа како дел од засилените контроли на увозот на јајца пред Велигден.

Пред Велигден уништени 40 тони небезбедни јајца

„За стореното кривично дело, операторот со храна, кој е регистриран во АХВ, е казнет со 1.400 евра, додека небезбедните, необележани јајца се безбедно уништени во депонијата Дрисла.

Во однос на овој оператор со храна, како и за другите увозници на јајца, на сила се мерки за зголемена фреквенција на инспекциски контроли врз увозот и домашното производство на јајца“, изјавија од АХВ за „Слободен печат“.

На прашањето дали имале некаков притисок или влијание во врска со овој настан, тие рекоа дека не работат и не се подложени на никакво влијание во својата работа и не регистрираат никаков притисок или влијание за настанот.

„Операторот со храна, кој има и сопствено производство на јајца, е активен на пазарот и против него не се поднесени кривични пријави“, нагласија од АХВ.

Агенцијата додава дека досега ова е единствениот небезбеден увоз од овој оператор за кој АХВ била свесна и во врска со кој реагирала навремено и спречила пласирање на небезбедни јајца на домашниот пазар.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top