Македонија

Засилени контроли на возачи на електрични тротинети – констатирани 965 прекршоци

Од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, на целата територија на државата

Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, на целата територија на државата, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциски контроли насочени кон возачите на лесни електрични возила, односно електрични тротинети.

При спроведените контроли, констатирани се вкупно 965 прекршоци сторени од возачи на електрични тротинети.

Најголем број, односно 519 прекршоци, се однесуваат на непрописно движење, односно возење по површини наменети за пешаци, наместо по велосипедска патека или лента, согласно член 103-а став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 443, потоа СВР Струмица – 112, СВР Скопје – 90, СВР Тетово – 86, СВР Велес – 73, СВР Охрид – 59, СВР Куманово – 45 и СВР Штип – 18. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се дополнителни 39 прекршоци.

За констатираните прекршоци преземени се соодветни мерки и санкции согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Апелираме до возачите на електрични тротинети доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се движат на пропишаните површини и да не ја загрозуваат безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот.

Најнови вести од: Македонија

Ревизорите прашуваат: Како „ЕСМ“ фрли во ветер милиони на тендери без пазарна трка и контрола?!

Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во јавните набавки на АД ЕСМ за 2024, период во кој компанијата презела обврски од 8,8 милијарди денари. Извештајот открива дека дури во 93 отсто од ревидираните постапки учествувал само еден понудувач или само една понуда била оценета како прифатлива. Наместо слободна пазарна конкуренција, енергетскиот гигант фаворизирал постапки со преговарање во четири очи и селективни критериуми.

Генијалецот Македон Димитровски со само 12 години е примен на Програмата за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“ во САД!

Голем успех на само 12 години постигна Македон, кој е примен во престижната Програма, наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет.

Стојановски: ДКСК да ја изработи анализата за законот за Скопје „Европска престолнина на културата“ и да ја достави до предлагачите

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска од собраниска говорница рече дека тој и уште 24 други пратеници 45 дена од Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси чекаат антикорупциска анализа на закон за спроведување на проектот Скопје Европска престолнина на културата.

Михаилов по апсењето на дрвокрадците, кои нападнаа шумари и полицајци во Банско: Најчесто завршуваат вака! (Видео)

Заменик-директорот на „Национални шуми“ Кире Михаилов во објава на фејсбук реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од криминалци-дрвокрадци.Тој објави видео запис од уапсените дрвокрадци. Според МВР, на 13 септември, околу пладнето во село Банско, Струмичко, полициски службеници биле нападнати од дрвокрадци, додека се обидувале да им извршат контрола.

Музика, улични изведби, базар и детски работилници на „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Во рамките на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“, продолжува манифестацијата „Звуците на културата во Ѓорче 2026“, која носи програма наменета за посетители од различни генерации

Владата подготвува закон да можат граѓаните самите да докупат до две години работен стаж за пензија

Граѓаните, на кои им недостигаат најмногу две години работен стаж, наскоро би можеле да добијат можност сами да си ги уплатат придонесите за да остварат право на старосна пензија, за да го исполнат законскиот минимум од 15 години. Оваа можност ја најави министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски. Според предложеното законско решение, […]

Најнови вести

To top