Македонија

Засилување на здравствениот кадар, се реализираат над 950 вработувања

Министерството за здравство информира дека од именувањето на министерот Азир Алиу на 9 јуни, започнал интензивен процес за засилување на здравствениот кадар низ целата држава. Во изминатиот месец се реализирани или се при крај над 950 нови вработувања во јавните здравствени установи, вклучувајќи лекари, медицински сестри, лаборанти, болничари, техничари, психолози, социјални работници, хигиеничари и друг […]

Министерството за здравство информира дека од именувањето на министерот Азир Алиу на 9 јуни, започнал интензивен процес за засилување на здравствениот кадар низ целата држава. Во изминатиот месец се реализирани или се при крај над 950 нови вработувања во јавните здравствени установи, вклучувајќи лекари, медицински сестри, лаборанти, болничари, техничари, психолози, социјални работници, хигиеничари и друг неопходен персонал.

Од Министерството најавуваат дека процесот ќе продолжи и во наредниот период, со нови постапки за вработување во повеќе јавни установи низ државата.

„Зајакнувањето на човечките ресурси е суштински дел од новата стратегија за унапредување на здравствениот систем што ја промовира министерот Алиу. Здравството не може да функционира без посветениот кадар што секојдневно го одржува во живот. Затоа, Министерството останува фокусирано на создавање стабилен и ефикасен систем преку инвестирање во луѓето, кои претставуваат негова основа“, соопшти Министерството за здравство.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top