Македонија

Затвореници се кршеа со чуварите – со јајца

Иако лишени од слободата и оддалечени од своите најблиски, осудените од православна вероисповед не беа заборавени

Затворениците од православна вероисповед во затворот Скопје имаа можност да го прослават денешниот најголем христијански празник Велигден.

„ По повод големиот христијански празник Велигден, во КПУ Затвор Скопје се одбележа Воскресението Христово со традиционално вапцани јајца.

Иако лишени од слободата и оддалечени од своите најблиски, осудените од православна вероисповед не беа заборавени и имаа можност достојно да го почувствуваат духот и радоста на празникот. Христос воскресе!“ објавија од Управата за извршување санкции.

.

 

Најнови вести од: Македонија

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top