Македонија

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“ на Пониква

На почетокот на идната недела ќе пристигне нова група која овде ќе добива двонеделна медицинска нега и физикална терапија, а ќе бидат вклучени и лица со респираторна патологија на кои веќе им завршило лекувањето

Првата група од 45 повредени лица во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани ја заврши рехабилитацијата во одморалиштето на МВР на планинскиот центар Пониква.

На почетокот на идната недела ќе пристигне нова група која овде ќе добива двонеделна медицинска нега и физикална терапија, а ќе бидат вклучени и лица со респираторна патологија на кои веќе им завршило лекувањето.

-Во тек е дезинфекција на просториите во објектите каде престојуваа лицата, а се прска и против комарци, со што се прават подготовки за втората група повредени. Во план е во вторник тие да пристигнат на Пониква и да се сместат во одморалиштето, а веќе е подготвен и списокот за третата група за рехабилитација. Престојот на планина им годи на повредените млади луѓе и тоа позитивно влијае за нивната рехабилтиација – и физички и психички. Дел од нив продолжуваат со подготовки за полагање на испитите на факултетите, а оние кои претходно биле работно ангажирани веќе се чувствуваат подготвени да се вратат на своите работни места. Едно момче кое беше повредено во пожарот во „Пулс“ се пријавило на огласот да биде волонтер во Доброволното противпожарно друштво во Кочани, истакна Катерина Мирчовска, директорка на Општата болница со проширена дејност во Кочани.

За рехабилитацијата на повредените на Пониква се грижат лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип кои им ја обезбедуваат потребната здравствена нега и физиотерапевтските вежби. Скоро сите повредени спроведуваат физички активности и ги користат опремените спортски игралишта, а вклучени се вклучени и во системот „Мој термин“.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката на Индија, Драупади Мурму, во тридневна посета на Македонија (ВИДЕО)

Посетата на Скопје се оценува како значаен дипломатски чекор во развојот на односите меѓу Македонија и Индија и отвора можности за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес

ВМРО-ДПМНЕ: Каде се Таравари, ДУИ и СДСМ да реагираат на скандалот со водата во Гостивар

Беа гласни додека славеа и се радуваа на победата во Гостивар, но по скандалот со водата и над 1000 граѓани со симптоми на труење, никаде ги нема да се јават со реакција и да понесат одговорност

Македонски поет со суптилна рецензија за (не)грчкиот филм за Хомер

Младиот македонски поет и писател Дарко Лешоски објави остра и искрена рецензија за најновиот филм на Кристофер Нолан „Одисеја“, која за само еден ден собра над 1.000 лајкови и стотици коментари на Фејсбук

To top