Македонија

Знае ли некој што се случува во Кучковени, Леринско (ВИДЕО)

Македонците во Егејска Македонија немаат никаков страв да ги откријат своите македонски национални чувства

Реторичко и до некаде иронично прашање открива дека во Егејска Македонија се случува нешто што е невообичаено.

,,Кучковени, Лерин.

🔊🔊🔊

Чудна некоја гужва.

Знае ли некој што се случува”, прашува профилот Пиреј на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.

 

На објавеното видео се слуша песната ,,Свадба е голема” што ја пееше легендарниот Војо Стојановски.

 

Одговорот што го дава видеото е дека Македонците во Егејска Македонија немаат никаков страв да ги откријат своите македонски национални чувства.

 

По заканите и обидите на радикални националистички грчки структури да се забрани народниот собир во селото Суровичево сега собирите на Македонците во знак на пркос се многу попосетени и со многу поголеми емоции.

 

Овој собир се случил во селото Кучковени,или Прерасна на грлк на 30 Јуни.

 

Песната на Стојановски е песна која што не е народна туку е испеана во последниве 4 децении што покажува дека покрај својата автентична македонска култура Македонците од Егејска Македонија и покрај обидите на Грција да ги престави како Грци, се составен дел на македонската етничка национална и историска целост.

 

Видеото на овој линк

https://x.com/ekakodane/status/1940191334700392713?t=H2fzGAHflbQnOTI3hiMoig&s=19

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top