Македонија

ЗНАМ: Дали СДСМ не ги застапува македонските национални интереси и води бугарољубиви политики, затоа што Филипче и Заев имаат фирми во Петрич, во Бугарија?!

Дали е точен фактот дека Венко Филипче ја поседува фирмата во POWER i8 Ltd., ЕИК 207164506, регистрирана во Петрич, со дејност поврзана со недвижности? Дали семејството Заеви е поврзано со фирмата GOMASIDRA Ltd., ЕИК 204619751, исто така регистрирана во Петрич? Дали на истата адреса во Петрич, ул. „Гоце Делчев“ бр. 12, се регистрирани и други компании поврзани со лица блиски до Заеви? Дали постоењето и работењето на овие фирми се основната причина за ваквите бугарофилски политики на СДСМ?! Раководството на СДСМ води политика што создава сомнеж во јавноста дали воопшто партијата ги застапува македонските национални интереси или работи во полза на туѓи агенди и погледи! – реагира партијата ЗНАМ преку својот Центар за комуникации и аналитика на ЗНАМ.

Натаму ЗНАМ истакнува: СДСМ со години наназад води политика на национални отстапки, релативизирање на македонскиот идентитет и поткопување на државните позиции. Се започна од интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС, каде јасно и гласно го изедначи македонскиот јазик и култура како исти и заеднички со бугарскиот јазик и заедничка историја. Потоа следуваше изјава од тогашниот претседател Стево Пендаровски со кои дополнително се отворија контроверзии околу ликот и делото на Гоце Делчев, нарекувајќи го Бугарин. Следствено на ова, се потпиша и т.н. француски предлог, прифатен од владата на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски, што претставува најголема дипломатска капитулација и отстапки на штета на македонските позиции. Членот на Централниот одбор на СДСМ, Рубин Земун, со својот последен јавен настап ја минимизира улогата и значењето на Гоце Делчев, како историска личност кој е темел на македонската државност.

Венко Филипче, во континуитет инсистира на уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, притоа релативизирајќи ги постојаните негирања и провокации што доаѓаат од официјална Софија кон македонскиот идентитет, јазик и историја. Со ваквите ставови и политики, Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје, промовирајќи наративи што директно им штетат на македонските национални позиции и достоинството на македонскиот народ!

Се поставува прашањето која е позадината на ваквите бугарофилски политики на СДСМ, кога упорно промовираат наратив што директно се коси со чувствата и ставовите на македонскиот народ?! Дали е точен фактот дека Венко Филипче ја поседува фирмата во POWER i8 Ltd., ЕИК 207164506, регистрирана во Петрич, со дејност поврзана со недвижности? Дали семејството Заеви е поврзано со фирмата GOMASIDRA Ltd., ЕИК 204619751, исто така регистрирана во Петрич? Дали на истата адреса во Петрич, ул. „Гоце Делчев“ бр. 12, се регистрирани и други компании поврзани со лица блиски до Заеви? Дали постоењето и работењето на овие фирми се основната причина за ваквите бугарофилски политики на СДСМ?!

Во чие име се води оваа политика на релативизирање на македонскиот идентитет?! Во чии интереси се шири тезата дека Бугарија не го оспорува македонскиот национален идентитет, кога секојдневно сме сведоци на спротивното?! Зошто СДСМ постојано се обидува да ја прикрие сопствената политичка одговорност зад флоскулата за европскиот пат, додека истовремено ги блокира и бојкотира реформските процеси во Собранието?! Се сомневаме дека вистинските мотиви за ваквиот наратив не лежат во европската иднина на државата, туку во заштита на лични бизнис интереси, капитал и економски релации поврзани со Бугарија. Дали членовите на СДСМ се заложници на раководството и нивните политики кроени од нивните лични и бизнис интереси? Го повикуваме Венко Филипче да се одважи, охрабри и да објасни што работат овие фирми во соседна Бугарија и која е нивната цел. Ги повикуваме и членовите и симпатизерите на СДСМ да не поддржуваат вакви штетни политики и да не бидат нивни заложници.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, базирајќи се на основните темели на постоење на македонската држава, Илинден и АСНОМ, ги остава вратите отворени за сите искрени и чесни членови и симпатизери на СДСМ“, пренесе партијата. На новинарско прашање дали е точно дека партијата се распаѓа, како што тврди СДСМ, особено поради заминувањето на еден пратеник и една советничка и дали има вина во самата партија, портпаролот Мемов одговори: „Една третина од гласовите што ги имаше СДСМ се на контото на ЗНАМ, веќе во континуитет, од претседателските избори, преку парламентарните и локалните избори. Нормално е дека СДСМ имаат против партијата Движење ЗНАМ – За Наша Македонија и ние го разбираме тој факт. Контиуирано работат на ослабнување на позициите на Движењето ЗНАМ. Но, ЗНАМ е стабилна политичка партија, којашто секојдневно расте. На терен имаме 54 општински организации коишто работат деноноќно. Пратеничката група е стабилна, ние ги кажавме позициите за заминувањаето на пратеникот Цеков“.

Во однос на прашњето дали ќе има промени во ресорите на ЗНАМ со најавената реконструкција на Владата, Мемов рече: „Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија пристапи принципиелно во преговорите со ВМРО ДПМНЕ за составување на Владата пред две години и ние тука настапивме со Програмска платформа и политики кои сега се составен дел на владината Програма. Не разговаравме тогаш за персоналниот состав кои министри и кои заменици, функционери ќе влезат во Владата. За Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија најважна е имплементацијата на политиките на Владата. Од друга страна секојдневно правиме евалуација на работата на нашите јавни функционери. Минатата недела имавме координативен состанок со сите јавни функционери од ЗНАМ, каде што се задолжени да дадат извештај за својата работа за вој двегодишен период. Генерално раководството на партијата е задоволно од работата на сите нив“.

На прашањето како гледаат од ЗНАМ на разг ворот на премиерот Мицковски со Јавниот обвинител Савески, како коалиционен партнер, во делот на Етичкиот кодекс за работа и дали треба да се слушаат и рааговараат во светло на најавената интерпелација од СДСМ за премиерот, Мемов нагласи: „Апсолутно дека треба да разговараат и комуницираат сите институции од било какво ниво на власт. Власта е поделена согласно Уставот на извршна, законодавна и судска и тука не гледам дека има простор за забрана на било каква комуникација. Забрането е влијанието и сугестиите од извршната спрема судско-обивнителската власт. Апсолутно е демократско правото на политичките партии да покренат интерпелација за било кој јавен функционер избран во Собранието на Република Македонија.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top