Македонија

ЗНАМ: Филипче и Апасиев се совршен пар – двајцата крадат

 И двајцата на крајот ќе завршите на поклон и баци рака кај вашиот газда Али Ахмети

Средствата за рекламирање за претстојните локални избори се распределени по упатството на АВМУ и насоките на ДИК. Се е транспарентно, по јасни правила и закони, а не по желби и апетити на алчни политичари, се вели во реакцијата на партијата ЗНАМ.

„Нема простор за плачење и театар. Апасиев, „револуционер“ на фејсбук статуси, а во реалност евтин шибицар, денес држи лекции за правда. Човек кој до вчера беше советниче со дебел хонорар во СЈО – институција чиј начин на работа создаде серија сомнежи и контроверзии, а денес својата партија ја третира како личен банкомат, како личен џеб, по принципот кога сакам – вадам, кога сакам – трошам. Му порачуваме: Димитар Апасиев, пред да држиш лекции за правда, заврзи си го џебот – таму ти е единствената „револуција“, во парите што ги вадиш за себе и за дружината околу тебе“, реагираат од ЗНАМ.

Од таму освен кон Левица и Апасиев, испратија обвинувања и кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче

„Оди кај Венко Филипче, човекот со златна виза подготвен за бегство од  државата и мераклија за јахти по Медитеранот. Ти и тој сте совршен тандем, еден краде од здравството, друг краде од сопствената партија. И двајцата на крајот ќе завршите на поклон и баци рака кај вашиот газда  Али Ахмети, таму каде што секогаш завршуваат продадените души. Народот гледа. И знае“, велат од ЗНАМ.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top