Македонија

ЗНАМ: „Новиот почеток“ на СДСМ е само рециклирање на стари политики

Од ЗНАМ додаваат дека граѓаните не бараат нови слогани, туку конкретни резултати, одговорност и функционални институции.

Движењето ЗНАМ остро реагираше на неодамнешниот конгрес на СДСМ, оценувајќи дека најавениот „нов почеток“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ не нудат суштински промени, туку претставуваат обид старите политики да се претстават како нова визија.

Од ЗНАМ велат дека шесте столба на новата програмска платформа се „политички флоскули без реална содржина“ и дека слоганот „Твоја држава, твоја шанса“ неизбежно ги потсетува граѓаните на периодот кога СДСМ беше на власт и на неисполнетите ветувања.

„Контрастот меѓу политичките слогани и реалноста е преголем за да се игнорира. Пораките како ‘Живот за сите’ и ‘Нема правда – нема мир’ останаа симбол на големи очекувања, но и на неиспорачани резултати“, се наведува во реакцијата.

Партијата упатува критики и кон актуелното раководство на СДСМ, особено кон поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот Венко Филипче, оценувајќи дека партијата се оддалечува од својата некогашна државотворна улога.

„За Движењето ЗНАМ, Македонија останува трајна државна обврска. Нашите заложби се насочени кон заштита на институционалниот интегритет, јакнење на државниот капацитет и безусловно почитување на македонскиот државен и национален интерес“, се вели во соопштението.

Од ЗНАМ додаваат дека граѓаните не бараат нови слогани, туку конкретни резултати, одговорност и функционални институции.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top