Македонија

ЗНАМ: Пендаровски отвори сериозни прашања за правниот систем

Од партијата посочија дека изјавите на Пендаровски упатуваат на можни политички договори за амнестии и враќање на лица обвинети или осудени за тешки кривични дела, како и за измени на Кривичниот законик кои подоцна имале значително влијание врз системот на кривична одговорност.

Движењето ЗНАМ на денешната прес-конференција побара целосно расчистување на наводите што ги изнесе поранешниот претседател Стево Пендаровски во емисијата „360 степени“, оценувајќи дека тие отвораат сериозни прашања за функционирањето на правниот систем и носењето на клучни политички одлуки во минатото.

Од партијата посочија дека изјавите на Пендаровски упатуваат на можни политички договори за амнестии и враќање на лица обвинети или осудени за тешки кривични дела, како и за измени на Кривичниот законик кои подоцна имале значително влијание врз системот на кривична одговорност.

„Прашуваме дали државните интереси биле подредени на политички договори меѓу СДСМ и ДУИ, дали измените на Кривичниот законик биле дел од однапред договорен план и дали одредени правосудни процеси биле предмет на политичко договарање наместо на законски процедури“, рече портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.

Партијата бара надлежните институции целосно да ги објават фактите и да утврдат дали постои основа за политичка, институционална или кривична одговорност.

За реконструкцијата на Владата

Мемов се осврна и на најавената реконструкција на Владата, истакнувајќи дека ЗНАМ е задоволно од работата на своите министри и дека засега не очекува промени во ресорите што ги раководат нивни кадри.

За евроинтеграциите

Во однос на европскиот пат, од ЗНАМ ги поздравија позитивните оценки на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за реформската агенда, особено во ресорите правда и јавна администрација. За извештајот на известувачот Томас Вајц, Мемов рече дека ќе се коментира откако официјално ќе биде доставен во земјава.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top