Натаму оваа партија наведува: Некои политички структури сè уште не можат да се помират со фактот дека времето на институционалното самоволие, селективното толкување на законите и политичкото надмудрување со државните институции е завршено. Времето кога ДУИ и СДСМ ги толерираа и практикуваа таквите политики е минато. ЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци
Оттаму нагласуваат дека во моментов не постои уставна и законска основа правосудниот испит да се полага на албански јазик, како и дека ова не е прашање на нечии етнички чувства или политички амбиции, туку прашање на доследна примена на правниот поредок., порачува Движењето ЗНАМ.