Македонија

Зошто само кривична, кога можеше и тепање на новинари по гол задник?!

Со радост и извесен трепет, во кругот на семејството и пријателите, ја примив веста за кривичната пријава на СДСМ против Алфа ТВ! Некои од пријателите прославија со чашка ракија, други подигнаа стисната тупаница и ја отпеаја Интернационалата. Јас пак, на крајот се намуртив

Со радост и извесен трепет, во кругот на семејството и пријателите, ја примив веста за кривичната пријава на СДСМ против Алфа ТВ! Таа е логично продолжение на цела низа партиски соопштенија, пресконференции и специфични обраќања „у лице“ кон помладите колеги од телевизијата. Некои од пријателите прославија со чашка ракија, други подигнаа стисната тупаница и ја отпеаја Интернационалата. Јас пак, на крајот се намуртив. Како познат и признат радикал едноставно не бев задоволен – зошто само кривична, побогу?! Не велам дека требаше на средновековен начин да се фатат сите вработени во Алфа и да се вртат на колце, или пак со тешка секира од Линц да им се кршат коските. Тоа не. Сепак не сме варвари. Но можеше, на пример, рано наутро да се поредат на плоштад овие од утринската редакција и да бидат тепани со шлаканици. На пладне, снимателите, монтажа, режија, пак на истото место со клоци по бубрези. Околу 17 часот информативна редакција и водителите на политичките емисии, повелете дами и господа, соблакајте се, па со стапови по гол задник. Јас така би играл, ама мене не ме прашуваат, за жал.
Инаку, некој ќе рече дека проблеми, односно легитимни прашања во врска со кривичната на опозициската партија има повеќе. На пример зошто за седум години власт и апсолутна контрола врз СЈО, ОЈО и т.н, со чести и упорни инспекции, проверки и контроли ете не докажаа баш никаква проневера, перење пари и на тоа слични активности кои се забележани во актуелната пријава? Друг може да надополни дека ова е само блед обид да се наметне каква и да е тема во јавноста, да се покаже релевантност и проактивност, макар и преку дилетантски обид за пресметка со медиуми. Знам и такви што спомнуваат неспособност да се прифати критика и поинакво размислување, комплекс на виша вредност, слепо слушање странски пи-арџии, дури по малку и злоба. Но како и да е, пријавата според мене треба да се процесуира, ако се има докази да се покажат, едноставно да се истера работата до крај. И се разбира некој да одговара. Или за сите наводи од кривичната или за лажно пријавување со намера да се направи штета.
А она што сакам овде да го потенцирам е дека штетата веќе е направена. Стотина луѓе, буквално ни криви ни должни, се прашуваат какви последици ќе имаат ваквите активности врз нивните работни места и лични приходи. Кога лидерот на опозицијата на нашиот колега му вели – ве фаќа паника малку, а, природно е многумина да се загрижат. Уште повеќе, како се чувствуваат помладите колеги на терен додека слушаат „пријателски“ прашања од типот: И сега толку? Си барате друга работа? Плата тешко или никако? Верувам дека дел од овие пораки се наивни и без злоба, ама за другите би можел да се обложам дека се наменски и садистички пласирани за да предизвикаат страв и чувство на несигурност. Па дури и отфрленост.
Конечно, добро е што новинарските здруженија реагираа и реагираат. Уште подобро би било и сите колеги новинари без разлика од која и каква редакција доаѓаат принципелно да ги поддржат вработените во Алфа, а по мој вкус би било и јавноста максимално да се возбуди и реагира во одбрана од политичките притисоци. Едноставно, сакани или омразени, новинарите се еден од столбовите на демократијата и ако дел по дел се дозволи тој да се урне, прашање на време е кога и останатите ќе се заклатат и потоа неминовно ќе паднат. Се ми се чини дека не ни треба тој луксуз.
Фејсбук коментар на новинарот Драган Милосављевиќ

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

Автопатот Кичево-Охрид целосно готов на почетокот од 2027 година

Работите на најсложениот дел од трасата Кичево-Охрид се во завршна фаза вели министерот за транспорт Александар Николовски. На потегот Извор-Врбјани, две од четирите галерии се целосно завршени, а на останатите интензивно се работи. Во тунелите веќе се поставува современа опрема за сигнализација, рано предупредување од пожари и вентилација, како и контролен центар.​

To top