Македонија

„Зошто Северните Македонци се лутат кога ги нарекуваат Северни Македонци“, прашува бугарски археолог

Тракологот Овчаров во одбрана на шефицата на дипломатијата Петрова-Чамова за изразот „северномакедонски партнери“

Николај Овчаров, археолог и траколог од Бугарија, се истакна со празнично послание во бугарскиот весник „Труд“ на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, во кое застана во одбрана на министерката Велислава Петрова-Чамова и нејзиниот израз „северномакедонски партнери“ за „братјата“ од Македонија.

„Бугарскиот министер за надворешни работи несомнено е во право, бидејќи го дефинира населението само во еден дел од територијалната единица Македонија. Бидејќи надвор од Вардарска Македонија, која во суштина е денешна РСМ, постои и Егејска Македонија, која е во границите на Република Грција, и Пиринска Македонија, која денес е во Татковината – Република Бугарија. Чудно ми е што Грците сè уште не реагирале на најновите провокации од страна на РСМ“, пишува во подолг напис преполн со „историски“ факти и навреди кон југозападниот сосед на Бугарија „експертот“ за кој на Фејсбук постои група „СПРЕТЕ Николай Овчаров! / STOP Nikolay Ovcharov!“, во чиј опис пишува „Оваа група е посветена на чистење на археологијата во Бугарија од корупција, криминал и псевдонаука“.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top