Регион

Ахмети на митинг во Тирана за поддршка на водачите на ОВК притворeни во Хаг

По Приштина и Хаг, и Тирана ќе ги пречека илјадниците демонстранти во поддршка на Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими

 

Лидерот на Демократската унија за интеграција, ќе биде во Тирана на 17 октомври на протестот што ќе се организира на плоштадот Скендербег во поддршка на лидерите на ОВК, кои се во притвор во Хаг пет години, под обвинение за воени злосторства и попречување на правдата.

Тој одлучи да се откаже од изборните активности на последниот ден од изборната кампања во Македонија. Али Ахмети, кој беше присутен и на протестот организиран во Приштина, во својство на коосновач на Ослободителната војска на Косово, ја прифати поканата на организаторите од Организацијата на воени ветерани да биде дел од овој национален протест, јавува Газета експрес.

За ДУИ и нејзиниот претседател, борбата на албанскиот народ предводена од Ослободителната војска на Косово беше праведна, неопходна и поддржана од целиот демократски, западен и слободољубив свет.

Последиците од војната и безбројните судски процеси, и локални и меѓународни, јасно ја докажаа искреноста на таа борба за слобода, демократија и независност, известува Ахмети.

ДУИ нагласува дека правдата за албанскиот народ не може да се гради врз политички процеси наметнати од Русија, ниту врз „докази“ измислени од Србија.

По Приштина и Хаг, и Тирана ќе ги пречека илјадниците демонстранти во поддршка на Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

Најнови вести од: Регион

Шестмина повредени во пожар во хотел во Албанија, петмина од Косово

Според прелиминарните податоци, пожарот првично избувнал во барот на првиот кат од зградата, а потоа се проширил на вториот кат, каде што работел хотелот. Од повредените туристи, петмина се од Косово.

Застрашувачки пожари го зафатија брегот Јадранот

Застрашувачки пожари беснеат низ Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, оставајќи пустош зад себе. Додека во Омиш пожарот стигна до самиот центар на градот, пожарникарите, војската и канадерите на Пељешац, Улцињ и Невесиње се борат со пламените јазици.

To top