Регион

Aтентат врз моќен бизнисмен во Бугарија

Сопственикот на Ботев Пловдив застрелан во сопствениот град

Убиството на 53-годишниот бугарски бизнисмен Илијан Филипов силно ја потресе јавноста во Бугарија. Во текот на ноќта тој бил застрелан во Пловдив. Филипов беше сосопственик на една од најголемите транспортни компании во земјата – „ПИМК“, а истовремено и сопственик на фудбалскиот клуб Ботев Пловдив.

Според првичните информации од истрагата, нападот бил извршен со огнено оружје, при што Филипов бил погоден во пределот на главата. Инцидентот бил пријавен околу еден час по полноќ.

По пријавата, бугарското Министерство за внатрешни работи презеде голема полициска операција во Пловдив. Биле блокирани сите влезови и излези од градот, додека полициските екипи започнаа интензивна потрага по сторителот.

Истрагата во моментов ги разгледува сите можни мотиви и верзии за убиството. Според првичните проценки на истражителите, начинот на кој бил извршен нападот укажува на организирана и однапред подготвена акција.

Филипов беше добро познат во бугарскиот бизнис-сектор. Компанијата „ПИМК“ со години е присутна во сферата на транспортот и логистиката, а неговите деловни активности опфаќале и градежништво, како и железнички сообраќај.

Во јуни 2023 година Филипов го презеде управувањето со Ботев Пловдив, по што вложи значителни средства во клубот и во неговата инфраструктура.

Полициските екипи продолжуваат со увидот и собирањето докази. За денеска е најавен вонреден брифинг на обвинителството и Министерството за внатрешни работи во Пловдив, на кој се очекуваат дополнителни информации за околностите и можниот мотив за убиството.

Најнови вести од: Регион

За грчки пратеник Скопје е непостоечка држава населена со Албанци и Бугари (ВИДЕО)

Во видеото монтира и карта на која територијата на Македонија е означена како „Вардарска“, како и натписот „Бугарско-албанска“, со што се оспоруваат македонскиот национален идентитет и државноста

Куп нови правила за летање со авион во ЕУ од 2027 – Што сè се менува?!

ЕУ ги реформира правата на патниците во воздушниот сообраќај. Од овие промени корист треба да имаат семејствата и лицата со попреченост. Но, во други области патниците ги очекуваат и одредени влошувања на условите.

Полицијата се судри со демонстранти во Приштина, 17 повредени (ВИДЕО)

Демонстрантите, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата

Божиновска на министерски самит за енергетика во Белград

Средбата на која со свои делегации ќе бидат и министрите за енергетика на Србија, Грција и Бугарија, е продолжение на првиот министерски самит што се одржа во Атина на 15 мај годинава, кога четирите земји се согласија дека енергетската сигурност, стабилноста и отпорноста на системите не можат веќе да се гледаат само како национални, туку и како заеднички регионални приоритети

To top