Регион

Белгиската полиција изврши претрес во Европската комисија: Истрага за продажба на згради, вредни 900 милиони евра!

Белгиската полиција изврши претрес во неколку простории на Европската комисија во Брисел како дел од истрагата за можни неправилности при продажбата на недвижности во сопственост на ЕУ во 2024 година, објави „Фајненшл тајмс“.

Според наводи на извори запознаени со акцијата, претресите биле спроведени денеска на неколку локации, вклучувајќи го и одделот задолжен за буџет. Истрагата се однесува на продажба на неколку згради на ЕУ извршена за време на претходниот мандат на Европската комисија кога австрискиот политичар Јоханес Хан бил задолжен за буџетот.

Хан управувал со буџетот на ЕУ во вредност од речиси билион евра до 2024 година. По напуштањето на функцијата, тој бил назначен за специјален претставник на ЕУ за Кипар.

Случајот го води Европското јавно обвинителство, а предмет на истрагата се вкупно 23 згради што биле купени од белгискиот државен инвестициски фонд SFPIM за 900 милиони евра во 2024 година.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Регион

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности – важни чекори кон забрзана евроинтеграција

„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција.“ – објави премиерот Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил, откако присуствуваше на работниот ручек, посветен на улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.

Хаос и тепачка во албанскиот парламент – жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија!

Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината, поради ескалацијата на тензиите меѓу пратенците од владејачката позиција и опозицијата.

To top