Македонија

Филков: Извештаите на ЕУ доаѓаат и си одат веќе 20 години, битно е реформите да почнат

Министерот за правда Игор Филков признава дека Европската комисија укажува на реални предизвици во судството, но нагласува дека тие бараат системски решенија, долгорочна стратегија и координација меѓу институциите, а не само административни мерки.

facebook.com/igorfilkov.official

Министерот за правда Игор Филков признава дека Европската комисија укажува на реални предизвици во судството, но нагласува дека тие бараат системски решенија, долгорочна стратегија и координација меѓу институциите, а не само административни мерки.

„Но, исто така мора да кажеме нешто што често се премолчува, финансиската независност не значи финансиска неограниченост. Таа мора да оди заедно со одговорност, транспарентност и рационално трошење. Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати – побрзи постапки, поголема доверба и повисок квалитет на судските одлуки“, вели Филков во интервју за МИА, каде зборува и за новиот Кривичен законик, реформската агенда, Изборниот законик и случајот со пожарот во модуларната болница „Пулс“.

Во Извештајот на ЕК за 2025 година се констатира стагнација во судството и фундаменталните права, со загриженост за независноста, непристрасноста и можното политичко мешање. На прашањето за ова, Филков одговара дека извештаите траат 20 години, но реформите се започнати.

Тој ја критикува методологијата што регистрира само конечни резултати, игнорирајќи ги преземените чекори. Во последните 18 месеци, Министерството подготвило низа закони: за Судскиот совет, платите на судиите и обвинителите, судската и обвинителската служба, платите на членовите на советите, спречување корупција, заштита на укажувачи, парнична постапка, процена, вештачење, слободен пристап до информации. Во финална фаза се законите за помилување, пробација, заштита на лични податоци, граѓанска конфискација и други.

„Правиме длабоки, структурни промени кои не можат да се измерат само со квантитативни индикатори или со перцепции. Извештајот на Европската комисија е само поттик за Министерството за правда да продолжи активно да работи на постигнување на европските стандарди во насока на спроведување на реформите“.

Целото интервју на Филков можете да го најдете на линкот.

Најнови вести од: Македонија

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

Мицкоски: Македонија ги брани државните интереси достоинствено и со аргументи

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави, оцени премиерот

To top