Регион

Бугарија ја конфискува рафинеријата на „Лукоил“ во Бургас

Законот предвидува владата на Бугарија да именува посебен управник кој ќе ја раководи компанијата, кој ќе има овластување да продава акции „по пазарна проценка“. Опозицијата изрази загриженост поради можноста тоа да доведе до правни постапки против Бугарија.

Бугарскиот парламент донесе закон со кој рафинеријата на руската група Лукоил во Бургас, на Црното Море, се става под државна контрола. Ова е последица на санкциите на САД воведени во октомври против рускиот нафтен гигант, кои ја загрижија Владата на Бугарија дека поради санкциите таа руска рафинерија, најголемата компанија во Бугарија со промет од 4,68 милијарди евра во 2024 година, би морала да се затвори.

„Американските санкции, кои ќе стапат на сила на 21 ноември, „ќе доведат до запирање на работата на рафинеријата поради одбивање на сите страни да извршат плаќања на компаниите кои ѝ припаѓаат на Лукоил“, објаснија членовите на мнозинската партија кога го поднесоа предлог-законот, донесен по забрзаната постапка.

Лукоил индиректно поседува 99,85 отсто од рафинеријата Нефтохим во Бургас.

Владата на Бугарија ќе именува посебен управник кој ќе ја раководи компанијата. Тој ќе има овластување, со одобрение од Владата, да продава акции „по пазарна проценка“, решија бугарските пратеници.

За време на дебатата, опозицијата ја обвини владејачката мнозинска партија дека го забрзала донесувањето на законот и дека состанокот на Комитетот за енергетика на Собранието траел едвај 30 секунди.

Исто така, изразија загриженост поради можноста управникот да ги продава акциите, бидејќи тоа би можело да доведе до правни постапки против Бугарија.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top