Регион

Бугарски мотоциклисти го блокираа патот кон границата со Македонија кај Ѓуешево

Причината за протестот е поскапувањето на осигурувањето од граѓанска одговорност на 115 евра

Мотоциклисти од неколку клубови во Бугарија и независни мотоциклисти од Ќустендил вечерва го блокираа меѓународниот пат до граничниот премин Ѓуешево на бугарско-македонската граница.

Причината за ваквиот израз на незадоволството е зголемувањето на цената на осигурувањето од граѓанска одговорност, посебно зошто станува збор за сезонски превозни средства.

Ако порано цената на „граѓанската одговорност“ беше околу 130 лева, сега е 115 евра, што е зголемување од околу 80 проценти, иако институциите тврдат дека поскапувањето е само 10-15 проценти, објаснија демонстрантите на две тркала за бугарските медиуми.

На протестот, кој беше дел од незадоволството изразено на национално ниво и во други градови на Бугарија, немаше инциденти, а тој беше обезбедуван од полицијата.

 

 

Најнови вести од: Регион

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности – важни чекори кон забрзана евроинтеграција

„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција.“ – објави премиерот Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил, откако присуствуваше на работниот ручек, посветен на улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.

To top