Регион

Бугарскиот екс-премиер и автор на „францускиот предлог“ не е веќе ни пратеник

Кирил Петков бил вмешан во корупциски скандал, но и Димитар Ковачевски и Венко Филипче исто така биле вмешани во коруписки скандали

По инволвираност во тежок корупциски скандал, поранешниот премиер на Република Бугарија и „автор“ на Францускиот предлог кој со две раце во Македонија го прифатија Димитар Ковачевски Таче и Али Ахмети , Кирил Петков си поднесе оставка од позицијата пратеник во бугарското собрание.

Прифаќањето на небулозниот, ултра-пробугарски ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ  и ден-денес е причина за ЗАГЛАВЕНИТЕ МАКЕДОНСКИ ЕВРОИНТЕГРАЦИИ.

Димитар Ковачевски и Венко Филипче се исто така вмешани во коруписки скандали, едниот со Лотарија на Македонија и Артан Груби, другиот со Заев и Вице Заев, од чија вмешаност „инкасирал“ подарок џип од 130.000 евра.

Ниту Венко ниту Таче не помислуваат за оставка, како што стори Кирил…пишува Курир.мк

„Лично преземам политичка одговорност и поднесувам оставка од функцијата копретседател на „Продолжуваме со промените“. Исто така, поднесувам оставка од функцијата пратеник на „Продолжуваме со промените“.

Ова го изјави копретседателот на „Продолжуваме со промените“ Кирил Петков на вонредна прес-конференција, пренесе Њуз.бг.

Реакцијата на Петков доаѓа откако снимка од разговор помеѓу заменик-градоначалникот на Софија Никола Барбутов и градоначалникот на Љулинскиот округ, Георги Тодоров, беше испратена до медиумите порано денес.

„Кога ја создадовме партијата, зборувавме за нулта толеранција кон корупцијата. Цело време го браневме овој принцип. Ниту јас ниту некој од извршниот совет на партијата знаеше за ова. Да се ​​биде чист од корупција не значи дека сте добар лидер. Ако овој сигнал и снимка се точни, тогаш ова е навистина голема грешка. Грешка е што таков градоначалник на округот си дозволува вакви разговори. Антикорупцијата е во срцето на нашата партија – ова е нашето верување. Тоа е огромен неуспех за двајцата градоначалници на округот. Факт е дека не се јавија на телефоните и не ни кажаа дека е огромен неуспех“, рече Петков.

 

 

Најнови вести од: Регион

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности – важни чекори кон забрзана евроинтеграција

„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција.“ – објави премиерот Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил, откако присуствуваше на работниот ручек, посветен на улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.

Хаос и тепачка во албанскиот парламент – жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија!

Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината, поради ескалацијата на тензиите меѓу пратенците од владејачката позиција и опозицијата.

Марта Кос во Подгорица: Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè, што се случува во стадото!

„Треба да им кажете што да прават, тие ве слушаат… Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè што се случува во стадото. Имам многу моќ во оваа улога, но вистинската преобразба случува само кога луѓето ја чувствуваат – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос пред студентите на Факултетот за политички науки во Подгорица, каде вчера одржа предавање.

To top