Регион

Четворица Албанци уапсени во Србија за провоцирање на годишнината од бомбардирањето од НАТО

Приведените во возило на српски автопат позирале со симболи на „Голема Албанија“ и ја навредувале Србија, па објавиле на Фејсбук

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија ги уапсија А. С. (1989), Е. В. (1984), Е. Г. (1978) и А. Ц. (2005), сите четворица државјани на Албанија, поради сомнение дека сториле кривично дело „поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост“ со провоцирање на годишнината од бомбардирањето од НАТО.

А. С. денеска јавно објавил видео на својот Фејсбук профил од кое се гледа како во автомобил „Ауди“ во друштво на другите осомничени лица вози по автопат низ Србија, на непримерен начин прикажувајќи ги симболите на „Голема Албанија“, како и вербално споменувајќи ја Република Србија во негативен контекст, користејќи несоодветни зборови, објаснуваат од српското МВР.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјално одделение за борба против високотехнолошки криминал.

На 24 март 1999 година во 19:53 часот Северноатлантската алијанса ја почна „хуманитарната интервенција“ против тогашна СР Југославија.

Според српското Министерство за одбрана, за време на „агресијата на НАТО“ загинале 1.031 припадник на војската и на полицијата, а ранети се 5.173 војници и полицајци.

Убиени се околу 2.500 цивили, меѓу кои 89 деца, ранети се околу 6.000 цивили, меѓу кои 2.700 деца, а 25 лица се водат како исчезнати.

Настаните во Рачак на 15 јануари 1999 година и неуспехот на преговорите во Рамбује и во Париз потоа беа наведени како главна причина за нападите што траеја до 10 јуни 1999 година.

Најнови вести од: Регион

Шефовите на ЕУ со осуда за Србија за погребот на воениот злосторник Младиќ на кој присуствуваа и државници

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска остро реагираа на присуството на високи српски функционери и елементите на официјална поддршка на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

Популарната емисија повеќе нема да се емитува на Телевизија – новите газди не го продолжија договорот

Новата сезона на култната српска сатирична емисија „24 минути со Зоран Кесиќ“ ќе започне на 19 септември на јутјуб каналот на емисијата, соопшти авторот и новинар Зоран Кесиќ. Досега емисијата се еитуваше на телевизијата „Нова С“, но менаџментот соопшти дека таа е симната поради тоа што е прескапа и поради неуспешниот договор меѓу екипата на емисијата и претставниците на „Адриа њуз нетворк“ (АНН) – компанијата што ја поседува „Нова С“ и која неодамна доби ново раководство откако беше преземена од португалскиот инвестициски фонд „Алпак капитал“.

To top