Регион

Додик: „Уште едно с..ње од Сараево“

Претседателот на Република Српска е осуден на година дена затвор и забрана за политичка активност во период од шест години

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, се огласи по одлуката на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) да му се одземе мандатот.

„Уште едно с..ње од Сараево. Последното“, напиша Додик на „Х„ по одлуката.

ЦИК БиХ ја донесе оваа одлука едногласно.

Одбраната на Додик има право да поднесе жалба против оваа одлука до Апелациониот оддел на Судот на БиХ, кој ги разгледува жалбите за изборите. По истекот на жалбениот процес, одлуката ќе стане конечна.

Седницата на ЦИК со оваа точка на дневен ред се одржа откако Милорад Додик беше осуден на една година затвор со правосилна пресуда.

Конечната пресуда на Судот на БиХ објавена на 1 август, исто така, му забрани на Додик политичка активност во период од шест години.

Во пракса, ова значи дека тој не може да биде кандидат на избори за која било функција, ниту може да биде назначен на која било позиција во органите на извршната, законодавната или судската власт, или во која било институција чија работа е целосно или делумно финансирана од јавни средства.

Додик од 2010 година трипати ја извршуваше функцијата претседател на РС, со исклучок на периодот од 2018 до 2022 година кога беше член на Претседателството на БиХ.

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

To top