Регион

Графити „Убиј го Србинот“ и „Марш од Хрватска“ напишани на училишна сала во Сплит

Уште еден инцидент во Хрватска насочен против Србите

Уште еден инцидент во Хрватска насочен против Србите. Имено, како што пишува Далмација данас, утрово на зградата на училишна сала во Плоките во Сплит се појавија графити со пораки на омраза насочени кон Србите. На ѕидот беа напишани пораките „Убиј го Србинот“ и „Марш од Хрватска“, заедно со усташката буква „У“.

Хрватските медиуми потсетуваат дека овој, најнов инцидент, се случува по инцидентот што го потресе Сплит во понеделник вечерта, кога група од десетици мажи облечени во црно, упаднаа на манифестацијата Денови на српската култура и насилно го прекинаа настанот во кој учествуваа пензионери и деца. Полицијата уапси пет лица, додека десет лица беа приведени на испрашување.

Поради сериозноста на инцидентот, главниот државен обвинител Иван Турудиќ пристигна во Сплит и одржа состанок со службеници од Сплитско-далматската полициска управа, како и од окружните и општинските државни обвинителства.

„Интензивно работиме, имавме добар состанок со началникот на полицијата, окружното државно обвинителство и вршителот на должноста општинско обвинителство. Засега сметаме дека станува збор за кривично дело, сомнение за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност“, рече Турудиќ.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top