Регион

Грција ги замрзнува цени во супермаркетите за време на летото

Мерката треба да ја заштити куповната моќ на граѓаните и туристите

Грчката влада постигна договор со производителите и трговските синџири за привремено замрзнување на цените на прехранбените производи во супермаркетите, со цел да се намали притисокот од инфлацијата во текот на летната туристичка сезона.

Мерката ќе важи во текот на јули и август, кога Грција бележи најголем прилив на туристи. Според договорот, компаниите нема да ги зголемуваат цените на околу 2.000 производи во текот на летото.

Договорот беше постигнат на средба на која присуствуваше премиерот Киријакос Мицотакис, министерот за развој Такис Теодорикакос и претставници на прехранбената индустрија и големите трговски синџири.

Компаниите се обврзале да ги задржат попустите кои претходно ги воведоа (во просек намалување од шест проценти), а владата најавува нов пакет мерки по завршувањето на летната сезона за дополнително намалување на цените и справување со високите трошоци за живот.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top