Регион

„Грција инфо“: И во Бугарија има камери и сообраќајни казни

Наместо барање алтернативни патишта за избегнување на камерите, единствено сигурно решение е строго почитување на поставените ограничувања на брзината.

 

Познатата фејсбук страница „Грчка инфо“ излезе со предупредување, откако вчера голем дел од српските туристи на социјалните мрежи најавија дека за патување кон Грција во иднина ќе го избегнуваат македонскиот коридор и ќе транзитираат преку Бугарија.

Сличен и исклучително ефикасен систем на паметни камери веќе со години функционира и на бугарските патишта, а глобите за пречекорување на брзината во Бугарија се дури и повисоки во споредба со македонските.

Според податоците на „Грчка инфо“, висината на глобите во Бугарија изнесува 25 евра за пречекорување на брзината до 20 км/ч и до  300 евра за драстично пречекорување на брзината над 50 км/ч.

Поради ова, главниот совет до сите возачи и туристи што транзитираат низ Балканот е многу едноставен: наместо барање алтернативни патишта за избегнување на камерите, единствено сигурно решение е строго почитување на поставените ограничувања на брзината.

Најнови вести од: Регион

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности – важни чекори кон забрзана евроинтеграција

„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција.“ – објави премиерот Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил, откако присуствуваше на работниот ручек, посветен на улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.

Хаос и тепачка во албанскиот парламент – жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија!

Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината, поради ескалацијата на тензиите меѓу пратенците од владејачката позиција и опозицијата.

To top