Регион

Грција „ќе ги врати“ посмртните останки на цар Самоил на Бугарија!?

Премиерот Румен Радев ги покани сите Бугари да ги пречекаат посмртните останки на цар Самоил на 3 октомври во 12:30 часот, на плоштад во Софија

Врз основа на историски договор, на 3 октомври, Грција ќе ги врати посмртните останки на цар Самоил по свеченост во Атина, а потоа ќе бидат пренесени во Софија.

Имаше спор за цар Самоил со Македонија, но во 2022 година, Заедничката бугарско-македонска историска комисија донесе одлука: „Цар Самоил бил владетел на огромна средновековна држава, која мнозинството современи историчари ја дефинираат како Бугарско царство, со центар на територијата на денешната Република С. Македонија“, пишува бугарски „Сега“

Заев: „Цар Самуил је пуно шетао, а и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари“(ВИДЕО)

Веста за враќањето на посмртните останки на цар Самоил во Бугарија први ја објавија неколку грчки медиуми, меѓу кои „Нафтемпорики“ (Naftemporiki) и „Еполитикал“ (Epolitical).

Премиерот Румен Радев ги покани сите Бугари да ги пречекаат посмртните останки на цар Самоил на 3 октомври во 12:30 часот, на плоштадот „Кнез Александар I Батенберг“ во Софија, пред Кнежевската палата.

Посмртните останки првично беа откриени во 1969 година од грчкиот археолог Николаос Муцопулос во Големата базилика на островот Свети Ахил во Малото Преспанско Езеро, кое денеска се наоѓа на територијата на денешна Грција.

Барањето на Софија за нивно враќање не е ново. Прашањето е покренувано повеќепати, но не беше постигнато решение. Последен пат активно беше ставено на преговарачката маса во 2022 година, за време на мандатот на премиерот Кирил Петков.

 

Најнови вести од: Регион

Еди Рама доби нож во грб, дали Албанија доби најава за нов кандидат за премиер

Екс спикерката на Парламентот, шефица на дипломатијата до лани и пратеничка од партијата на премиерот, Елиса Спиропали во отворено писмо до Еди Рама: „Тирана е во пламен – дај политички решенија, не само полициски“

To top