Регион

Јотова или Ѓуров – дали денеска ќе се знае кој ќе биде шеф на бугарската држава

Според последните објавени истражувања на јавното мислење од повеќе социолошки агенции, Илијана Јотова убедливо води во трката за претседетел, но сепак можеби ќе има втор круг

Бугарите излегуваат на гласање за да изберат претседател и потпретседател. Номинирани се 27 претседателски листи од страна на политички партии и иницијативни комитети

Во избирачките списоци се запишани 6.590.000 полнолетни граѓани, со исклучок на оние кои се под старателство или издржуваат затворска казна.

Утрово, во 7 часот по бугарско време, отворени се над 12.680 избирачки места, од кои 613 се наоѓаат во странство, во 50 држави.

Сите избирачки места во земјата започнаа со работа; нема неотворени избирачки места, соопштија од Централната изборна комисија, за време на првиот брифинг на денот на изборите.

Според последните објавени истражувања на јавното мислење од повеќе социолошки агенции (Мјара, Галуп, Сова Харис, Алфа Рисрч), Илијана Јотова и евентуално идниот потпретседател Кирил Валчев, досегашен директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА), убедливо водат во трката за претседетел на Бугарија.

Сепак, аналитичари и анкетите покажуваат дека е многу веројатно идниот шеф на државата да се избере во вториот круг, избори  закажан за 1 ноември.

„Тесна“ претседателска битка меѓу Јотова и Ѓуров

Јотова која ја презеде претседателската функција од Румен Радев во јануари оваа година, ја има поддршката токму од премиерот Радев и неговата Прогресивна бугарска партија и коалицијата која ја предводи.

Второпласиран, според анкетите, би бил Андреј Ѓуров, поранешен технички премиер со Георги Кандев како кандидат за потпретседател,

„Секогаш е добар знак кога бугарските граѓани ќе ја земат својата судбина во свои раце, ќе излезат и ќе гласаат“, изјави тој за новинарите.

„Не сакаме нашите деца да живеат во стравот, зависностите и сиромаштијата од минатото – минато кон кое некои луѓе сакаат да нè вратат“, нагласи Ѓуров.

Според него, денешното гласање претставува избор меѓу два различни патишта за Бугарија. Тој ги повика граѓаните да го искористат своето право на глас.

 

Најнови вести од: Регион

To top