Регион

Македонците од Пустец бараат помош за санација на Црквата Свети Никола

Свети Никола напомош на сите да ни биде. Се надеваме на Ваша подршка“ – се вели во повикот за финасиска помош адресиран до Македонците од целиот свет.

За реновирање на пештерска Црква Свети Никола, упатен е повик до сите Македонци како во Република Албанија, така и до Македонците низ целиот свет да помогнат, пишува весникот на Македонското друштво „Илинден “-Тирана..

Во апелот се вели:

„Наши сонародници од Мала Преспа каде и да живеете. Сликите што се објавени се од параклисот (Ваковче) на ” Св Никола ” во Накол. И како што изгледа е во критича состојба како од чатијата така и во внатрешноста на параклисот.

И е потребна итна интервенција за да се реновира.

Параклисот е уникатен во неговиот стил и припаѓа во редот на Пештерни Цркви во областа на Мала Преспа, покрај брегот на Преспанското езеро.

Поради ваквата состојба ни’ е потребна вашата помош, секој верник, спрема своите можности да помогни за реновирање на овој Параклис.

Свети Никола напомош на сите да ни биде. Се надеваме на Ваша подршка“ – се вели во повикот за финасиска помош адресиран до Македонците од целиот свет..

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

Најнови вести

To top