Силно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и сериозни поплави синоќа го парализираше Ниш.
По исклучително спарниот и топол ден, градот во вечерните часови беше погоден од силна бура која за кратко време ги претвори централните улици во реки и предизвика сообраќаен колапс.
Олујно невреме, проследено со силни електрични празнења, оркански ветер и провала на облаци, синоќа околу 21 часот предизвика вистински потоп во Ниш.
Големата количина на воден талог која падна за помалку од еден час, целосно ја блокираше атмосферската канализација, претворајќи ги главните сообраќајници во вистински езера, додека во одредени делови од градот дојде до излевање на фекални води.
Сообраќаен колапс и паднати дрвја
Поради огромното количество вода на коловозите, возилата едвај се движеле, а на некои делници возачите беа принудени целосно да запрат. Проблемите биле дополнително влошени од силниот ветер кој кршел гранки и соборувал дрвја.
Видео од хаосот
https://www.instagram.com/reel/Da-G9DgN9cg/?igsh=bzFqbjUzMTk3YjBx