Македонија

Силното невреме го поплави и Меѓународниот аеродром „Скопје“ (ВИДЕО)

Засега нема информации за прекин на летовите

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје не го поштеди ниту Меѓународниот аеродром „Скопје“. Поројниот дожд предизвика поплава во дел од аеродромскиот терминал и во просториите низ кои се движат патниците.

На видеоснимки објавени на социјалните мрежи јасно се гледа како дождовницата навлегла во терминалот, при што водата се разлева по подот, а присутните патници се обидуваат да ги избегнат поплавените делови.

Поплавувањето на аеродромот се случува во време кога невремето предизвика сериозни проблеми низ целиот главен град – паднати дрвја, откорнати кровови, оштетени возила, прекини во електроснабдувањето и отежнат сообраќај на повеќе локации.

Засега нема официјални информации од управата на аеродромот дали поплавата предизвикала прекин или доцнење на летовите, како и дали е направена материјална штета во терминалот.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top