Регион

Најавата за визи од Црна Гора ја налути Русија

Воведувањето визен режим од 1 ноември ќе влијае на бројот на руски туристи и на проектите од руски бизнисмени, реагира Москва

Амбасадата на Руската Федерација во Црна Гора денеска оцени дека одлуката на Подгорица да воведе визи за руските граѓани од 1 ноември е доказ, како што е наведено, за „зависноста на надворешнополитичкиот курс на Црна Гора од странско влијание“.

Руската дипломатска мисија објави дека воведувањето на визниот режим негативно ќе влијае на односите меѓу Русија и Црна Гора, како и на одредени сектори на црногорската економија, особено туризмот.

Во соопштение објавено на Телеграм, Руската амбасада наведе дека одлуката е поврзана со исполнувањето на условите за пристапување на Црна Гора во Европската Унија и изрази незадоволство од потегот.

Амбасадата потсетува дека руските туристи минатата година учествувале со 16,4 проценти во сите ноќевања во Црна Гора, а туризмот сочинува околу 30 отсто од бруто-домашниот производ на земјата.

Москва проценува дека воведувањето на визен режим би можело значително да влијае на бројот на руски посетители.

„Мора да се претпостави дека оваа мерка веројатно нема да наиде на разбирање и поддршка кај Црногорците кои сакаат да развијат соработка со Русија. Амбасадата е убедена дека, со добра волја, прашањето за одржување на безвизен режим е сосема изводливо дури и ако земјата кандидат се приклучи на ЕУ. За жал, нема очигледен интерес од црногорската страна“, се нагласува во соопштението.

Руската амбасада изјави дека одлуката би можела да влијае и на проекти во кои се вклучени руски бизнисмени, кои, како што е наведено, се многу корисни за Црна Гора, и рече дека Москва останува подготвена да разгледа предлози за надминување на влошената состојба во билатералните односи.

„Го задржуваме правото на соодветен одговор на непријателските потези“, се вели во соопштението на амбасадата.

Црногорските власти објавија дека руските граѓани ќе бидат обврзани да добијат виза за влез во земјата од 1 ноември, а апликациите ќе можат да се поднесуваат во дипломатско-конзуларните претставништва на Црна Гора и во визните центри ВФС Глобал во Русија. Планирано е и воведување електронски визи.

Најнови вести од: Регион

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности – важни чекори кон забрзана евроинтеграција

„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција.“ – објави премиерот Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил, откако присуствуваше на работниот ручек, посветен на улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.

Хаос и тепачка во албанскиот парламент – жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија!

Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината, поради ескалацијата на тензиите меѓу пратенците од владејачката позиција и опозицијата.

Марта Кос во Подгорица: Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè, што се случува во стадото!

„Треба да им кажете што да прават, тие ве слушаат… Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè што се случува во стадото. Имам многу моќ во оваа улога, но вистинската преобразба случува само кога луѓето ја чувствуваат – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос пред студентите на Факултетот за политички науки во Подгорица, каде вчера одржа предавање.

To top