Регион

НАТО и КФОР негираат дека се истрелани ракети од Косово кон Иран

Во реакцијата се демантираат наводите на социјалните мрежи дека се лансирани ракети од базата „Бондстил“ кај Урошевац

НАТО и КФОР денеска ги отфрлија наводите што кружат на социјалните мрежи дека ракети биле лансирани кон Иран од базата Бондстил или од други објекти на Алијансата во Косово, нагласувајќи дека таа не е вклучена во тековната воздушна кампања против Иран.

„Ова тврдење е лажно и ние целосно го отфрламе“, се нагласува во соопштението на НАТО, во кое се додава дека генералниот секретар Марк Руте претходно јасно ставил до знаење дека НАТО како организација не е вклучена во тековната воздушна кампања против иранскиот режим.

Во исто време мисијата КФОР продолжува да го спроведува својот мандат за да придонесе за безбедна и сигурна средина за сите луѓе што живеат во Косово, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1999 година, се дополнува.

Кампот „Бондстил“ е оперативен штаб на КФОР и се наоѓа во близина на Урошевац, на југоистокот на Косово.

 

Најнови вести од: Регион

Куп нови правила за летање со авион во ЕУ од 2027 – Што сè се менува?!

ЕУ ги реформира правата на патниците во воздушниот сообраќај. Од овие промени корист треба да имаат семејствата и лицата со попреченост. Но, во други области патниците ги очекуваат и одредени влошувања на условите.

Полицијата се судри со демонстранти во Приштина, 17 повредени (ВИДЕО)

Демонстрантите, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата

To top