Регион

Пендиков клевети: Македонските власти се лоши кон сите што се изјаснуваат како Бугари

Во врска со случајот на Ива Михаилова, тој вели дека треба да биде загрижена доколку се врати во Македонија

Христијан Пендиков, реагира на пресудата на судот во Охрид кои ги ослободи обвинетите за неговото, наводно претепување бидејќи се изјаснивал како Бугарин.

Охридскиот суд: Нема докази за напад врз Пендиков

Според него, невообичаено, истиот судија што претходно ги осуди на затворски казни, сега ги ослободи.

„Немаше нови докази, ниту нови сведочења – ништо ново не се случи. Судијата едноставно ги ослободи; сега го чекаме образложението за одлуката“, изјави за bTV поранешниот секретар на сега затворениот културен клуб „Цар Борис III“ во Охрид.

Тој ја припишува судската одлука на притисок од страна на властите.

„Тоа што се изјаснуваме како македонски Бугари таму претставува проблем. Во тоа е суштината – проблем, според мене, за нивниот конструиран идентитет. Бугарската национална свест е голем проблем во Република Македонија“, нагласи Пендиков.

Тој вели дека целта на македонските власти била да ги заплашува тие кои се изјаснуваат како Бугари и се пожали дека постојано добивале закани и навреди на социјалните мрежи.

„Тоа нема да се случи, бидејќи ние не се плашиме и јасно кажуваме дека сме Бугари. Нема да успеат да нè заплашат; ние ќе продолжиме да се бориме за нашите права сè додека можеме, а покрај тоа, постојат и европските институции“, изјави тој.

Во врска со случајот на Ива Михаилова, Пендиков предупреди дека таа има причина за загриженост доколку се врати во Македонија.

„Властите се однесуваат подеднакво лошо кон секој што се идентификува како Бугарин, без оглед на причината поради која се наоѓаат пред суд. Притисокот и репресијата таму се постојани“,вели тој.

 

Најнови вести од: Регион

Шпански весник „Вангуардија“: Поразот на Вучиќ отвора врата за зближување меѓу Србија и ЕУ

„Изборниот пораз на Александар Вучиќ отвора врата за приближување на Белград кон Европската Унија (ЕУ) по неколку години студенило.“ – истакнува според денешниот шпански весник „Вангардија“.

To top