Регион

Почина Ратко Младиќ на 84 години во Хаг, кој беше осуден на доживотна казна затвор за геноцид извршен за време на војната во БиХ

Генералот Младиќ доживеа повеќе мозочни удари, по што неговата состојба, која и претходно беше многу лоша, дополнително се влоши

epaselect epa09254851 Ratko Mladic prior to the pronouncement of the Appeal Judgment at the International Residual Mechanism for Criminal Tribunals (IRMCT) in The Hague, The Netherlands, 08 June 2021. The former Bosnian Serb army leader was sentenced to life imprisonment in 2017, partly for the mass Murder in Srebrenica. EPA-EFE/Jerry Lampen

Ратко Младиќ, осуден за воени злосторства, почина на 84-годишна возраст во притворската единица на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Шевенинген, Хаг. Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство, пренесуваат „Еуроњуз Србија“ и медиуми блиски до српските власти.

Здравствената состојба на Младиќ во изминатиот период значително се влошила, откако претрпел неколку мозочни удари. Неговото семејство и лекарите повеќепати предупредувале дека неговата состојба е тешка и барале да биде пуштен на слобода за да продолжи со лекување.

Таквите барања, сепак, биле одбиени од надлежните во Хаг.

Ратко Младиќ беше уапсен во Србија во 2011 година, а во 2021 година Апелацискиот совет му ја потврди конечната казна доживотен затвор за геноцидот врз околу 8.000 Бошњаци во Сребреница, опсадата и теророт врз Сараево, прогонот на Бошњаците и Хрватите и земањето припадници на ОН за заложници за време на војната во БиХ.

Датумот и местото на погребот дополнително ќе бидат објавени.

Најнови вести од: Регион

Бугарија сака македонските Голо брдо, Преспа и Гора да бидат бугарски (ВИДЕО)

„ Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија“, констатира Стерјовски

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

„Корча плус“: Општина Пустец заборавена и во беда, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

To top