Регион

Радев лут на ЕП за критиките за млака реакција за дроновите во Црно Море

Според бугарскиот премиер, Европскиот парламент ѝ наредувал на суверена држава какви активности да преземе и во кој рок

Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата на Европскиот парламент, која се претвори во критики за неговата млака реакција за четирите брода погодени во ексклузивната економска зона на Бугарија во Црното Море, од кои два потонаа.

„Европскиот парламент го користат бугарските европратеници со ограничен политички легитимитет во сопствената земја за да водат кампања за своја полза на национално ниво. Ова е недостоинствено. Ќе ги наведеме нивните имиња, тие се потпишани“, изјави шефот на Министерскиот совет на Бугарија.

Откако му беше напомнато дека над 400 европратеници ја потпишале резолуцијата, тој одговори дека тие се од политичките семејства на соодветните бугарски европратеници и дека ги довеле во заблуда своите европски колеги.

„Неприфатлива нечесност“ и „манипулација“ се изразите што ги употреби Радев при опишувањето на бугарските европратеници.

Според него, ЕП ѝ наредувал на суверена држава какви активности да преземе, „до кој датум, во кој временски рок да стане членка на иницијативата на НАТО за борба против беспилотни летала“.

Најнови вести од: Регион

Најдовски: Како книгата „Егејци“ на Кица Колбе, стана „подобна“ во Грција?

Откако јавно и гласно ја поддржа политиката на Заев и Преспанскиот договор, а потоа стана и дел од Комисијата за ревизија на историјата со Грција, книгата е добредојдена кај јуќниот сосед

To top