Регион

Радев за еврото: Потсмев со народот е дека цените нема да се зголемат

Според бугарскиот претседател, тврдењата дека нема да се дозволи цените се зголемат со воведувањето на еврото, со оглед на тоа што тие незапирливо скокат, не се само лудило, туку потсмев на народот. Румен Радев, во врска со приемот на Бугарија во еврозоната, вели дека не е најдобра одлука на владата да се потпира на поддршка […]

Според бугарскиот претседател, тврдењата дека нема да се дозволи цените се зголемат со воведувањето на еврото, со оглед на тоа што тие незапирливо скокат, не се само лудило, туку потсмев на народот.

Румен Радев, во врска со приемот на Бугарија во еврозоната, вели дека не е најдобра одлука на владата да се потпира на поддршка однадвор кога бугарските граѓани протестираат и во земјата и во Брисел.

Од 1 јануари 2026 година, Бугарија ќе го користи еврото како своја официјална валута, со што конечно ќе и се приклучи на еврозоната.

Лидерите на Европската Унија собрани во Брисел еднаогласно ја поддржаа препораката Бугарија да стане 21-та членка на еврозоната, следејќи го позитивното мислење на Европската комисија.

Бугарија е дел од ЕУ од 2007 година и е првата земја по Хрватска која ја прифаќа заедничката европска валута, откако Хрватска го воведе еврото во 2023 година.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top