Регион

Речиси 500.000 овци усмртени подари болест

Од надлежното Министерство информираа дека во конкретниот период биле потврдени вкупно 2.015 случаи во 2.610 сточарски фарми. Во однос на новите случаи, од 9 до 15 февруари, биле регистрирани 11, во седум региони.

Речиси половина милион овци и кози, односно 479.821 биле умртвени во Грција во периодот од август 2024 до 15 февруари годинава поради сипаниците, според официјалните податоци од Министерството за земјоделство и Националната научна комисија за управување и контрола на сипаници кај овци и кози. Од надлежното Министерство информираа дека во конкретниот период биле потврдени вкупно 2.015 случаи во 2.610 сточарски фарми.

Во однос на новите случаи, од 9 до 15 февруари, биле регистрирани 11, во седум региони.

  • „Почитувањето на мерките за биолошка безбедност останува клучно за ограничување на болеста. Одгледувачите мора доследно да ги следат упатствата на ветеринарните служби и предвидените протоколи“, соопштија од Министерството за земјоделство на Грција.

Додадоа дека податоците за текот на болеста континуирано се ажурираат врз основа на информациите од регионалните единици и редовно ќе се објавуваат со цел целосно и навремено информирање на производителите и јавноста.

Ставот на грчката Влада е дека вакцинацијата не е решение, ниту пак е дел од владиниот план за справување со сипаниците кај овците и козите, а единствената опција е строга имплементација на мерките за биолошка безбедност. За конкретната тема грчкиот премиер пред десет дена одржа средба со претставници на сточарите и посочи дека приоритет е дефинитивното искоренување на болеста.

Од друга страна, сточарите, кои заедно со земјоделците протестираа и во декември и јануари и пред една седмица во Атина, бараат итни мерки и решенија за сипаниците кај овците и козите.

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top